
Екипата на Евертон го совлада Брајтон со 2:0 во натпревар од второто коло на англиската Премиер лига, кој се одигра на новиот стадион “Хил Дикинсон”.
Ова беше деби на Џек Грилиш пред домашната публика, а поранешната “десетка” на Манчестер Сити покажа дека сè уште може да игра на високо ниво.
Грилиш истакна одлична игра со додавање за двата гола на “карамелите”. Прво го асистираше сенегалскиот напаѓач Илиман Ндиаје, кој го даде водечкиот гол за домаќинот во 23. минута, а потоа во 52. минута му ја подаде топката на Џејмс Гарнер, кој постигна одличен погодок од далечина.
Брајтон имаше идеална шанса да се врати во игра 13 минути пред крајот на натпреварот, но Дени Велбек не успеа да реализира пенал.